Живот и Стил

Тестот со лажичка открива многу болести, од зголемен холестерол до проблеми со бубрезите

Тестот со лажичка открива многу болести, од зголемен холестерол до проблеми со бубрезите

Овој неверојатно едноставен тест ќе ви помогне да спречите, но и да излекувате многу потенцијални заболувања.

Човекот секогаш треба да биде свој лекар бидејќи вие првенствено сте тие кои најмногу треба да водат грижа за здравјето и најдобро го познавате вашето тело.

Обрнувањето внимание на симптомите, како и превентивните посети на лекар можат да спречат или барем забават некои болести. Меѓутоа, некои од тие знаци кои телото нѝ ги испраќа воопшто не се така комплицирани, а овој едноставен тест можете да го направите и сами.

Сè што ви е потребно е обична метална лажичка. Излижете ја и добро навлажнете ја со плунка, а потоа ставете ја во проѕирна пластична ќесичка и поставете ја на светло.

Почекајте една минута и внимателно разгледајте ја лажичката.

Ако на неа се појават жолтеникави дамки, тоа може да укажува на нарушување во работата на штитната жлезда. Виолетовите дамки се индикатор за бронхитис, лоша циркулација или високо ниво на холестерол. Белите дамки укажуваат на респираторна инфекција, додека портокаловите се често симптом на болест на бубрезите.

Што открива мирисот?
Ако се појави непријатен и силен мирис, тоа може да биде знак на проблеми со желудникот или белите дробови. Слаткиот мирис може да биде прв симптом на дијабетес, а киселиот мирис укажува на проблеми со бубрезите.

извор:точка.ком.мк

To top