Како што дознаваат српските медиуми, операцијата била тешка, и прилично комплицирана, но на крајот сè било во ред. Операцијата траела долго и беше крајно сложена, но тимот на лекари во кои бил и врвниот д-р Бумбаширевиќ успеал да и ја спаси раката на водителката и успешно да ја врати циркулацијата во откинатиот екстремитет.
ТВ водителката Деа Ѓурѓевиќ, по долготрајната операција на военомедицинската академија (ВМА), излегла од операционата сала денес околу 14 часот и според првите информации, зафатот завршил успешно.
Како што открива српски Курир, лекарите и ја поврзале раката која утрово во тешка сообраќајна несреќа на Дедиње, автобус и ја откина пред влезот на КБЦ Драгиша Мишовиќ.
Докторот Марко Бумбаширевиќ, кој веднаш дојде да им помогне на своите колеги во ВМА, е исто така во тимот лекари кои денес го извршија овој сложен хируршки зафат над водителката, за кој се надеваме дека целосно ќе биде успешен.
Фото: Принтскрин Инстаграм/ Марина Лопичиќ