Радио Милева од тинејџерските денови

Тешко е да погодите што работела Емина Јаховиќ пред да стане пејачка: Со неа беше и една позната ѕвезда која и помогна да влезе во светот на музиката (фото)

Тешко е да погодите што работела Емина Јаховиќ пред да стане пејачка: Со неа беше и една позната ѕвезда која и помогна да влезе во светот на музиката (фото)

Пејачката Емина Јаховиќ пред својата музичка кариера била водителка на временска прогноза во родниот Нови Пазар.

Таа сакала да биде славна, па поради таа причина избрала телевизија, а во исто време заработувала и џепарлак. Водители на телевизијата беа пејачката Елма Синановиќ и нејзиниот сопруг, а Елма подоцна и помогна на Емина да влезе во светот на музиката.

– Емина беше најубавата синоптичарка досега, на која било телевизија. Таа беше како бонбонче. Нејзе тоа и беше интересно некое време. Секогаш сакаше да пее и јас и помогнав да стигне до Дино Мерлин. Разговараа и најдоа црногорски композитори, но јас веднаш им реков да не го прават тоа и да ја однесат кај него. Луѓето ме слушаа и таа го направи тоа што требаше на стартот, изјави Елма.

И Емина со задоволство се сеќава на тинејџерските денови. Уживав во времето што го поминав работејќи на телевизија и радио. Тогаш првпат ја покажав мојата креативна слобода, што подоцна ме наведе да тргнам по патот на музиката и јавниот живот, изјави претходно Емина.

Фото: Принтскрин/Александар Вукојичиќ/ТВ Пинк

To top