Пејачката Теодора Џехверовиќ пред неколку дена се пофали дека добила порака од познатиот бразилски фудбалер Нејмар. Таа објави слика на која фудбалерот и оставил емотикон, но набрзо се најде на мета на корисниците на социјалните мрежи поради сомнежот дека таа сето тоа сама го фотошопирала.
Набрзо следуваа полемики дали можеби Теодора ја фотошопирала пораката, по што се огласи пејачката.
Таа на кратките Инстаграм приказни ја означи својата пријателка и напиша:
-Да не ми ја фотошопираше ти пораката со Нејмар? Луѓе, ќе ве изеде љубомора, но реално е кога некои мислат дека лажам дека не ми е името Суада, зошто би ми верувале и за ова, напиша Теодора.
За потсетување познато е дека по раѓањето родителите и го дале името Суада, на инсистирање на татото, но подоцна мајка и’ и го променила името во Теодора.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Теодора Џехверовиќ/Профимедиа