Позитивни, енергични и со полно срце рок ен рол, македонскиот музички бенд „Темпера“ повикуваат на „весел исход и неконтролиран бој“ како одговор на новата реалност.
„Дојди“ е петти сингл во низа од новиот материјал по дебитанскиот албум „Играј!”
„Дојди” чиј композитор е басистот Ѓоле Максимовски на стихови на пејачката Тања Тас е песна исполнета со динамична ритмика, вокални и гитарски хармонии, спој на ретро и модерен звук оплеменет со виртуозноста на Петар Христов, кој гостува на саксофон.
Видео спотот за песната го изработи Александар Ристовски-Принц.
Снимена, микасана и продуцирана во „Тралала“ студиото на Мите Димовски – тапанарот на групата, музички продуцент и приватно сопруг на вокалот Тања Тас, покрај која во бендот уште членуваат и Драган Гиновски Гино – гитара и Ѓоле Максимовски – бас гитара.
Слушнете и погледнете како звучи изгледа кога „Темпера“ те повикува со… „Дојди“: