Живот и Стил

Текст кој насмеа многу Балканци: „Една од најтешките работи на земјата е да бидеш СНАА“

Текст кој насмеа многу Балканци: „Една од најтешките работи на земјата е да бидеш СНАА“

Текст од Србија, во кој на хумористичен начин е опишано како им е на СНАИТЕ, ги насмеа балканските интернет корисници и се рашири на социјалните мрежи.

 

Еден од најтешките облици на постоење на Земјата е да бидеш СНАА. Што од свекрвата, што од золвата, што од целото семејство. Има снаи кои одма ќе ги доведат сите на ред и никој не смее да им се меша во животот, а има и онакви кои пак сакаат на сите да им се допаднат.

Колку и да се трудиш да им се допаднеш, порано или подоцна водата ќе ти стигне до устата и ќе посакаш сите да ги отераш по ѓаволите. Зашто ако си слаба, зошто си слаба, ако си дебела, зошто си дебела, ако си необразована, зошто не учеше, ако сепак учеше, тоа е твоја работа.

Ако си убава, не чиниш. Ако си запуштена, пак не си нешто нормална. Ако куќата ти е средена, можела да ти биде уште посредена, а ако не е, оди веднаш отепај се.

Децата обично не ги доиш како што треба, не ги облекуваш, не ги храниш и не ги воспитуваш. Ако не сакаш да правиш зимница, не чиниш, а ако пак правиш, не се прави така.

Ако правиш колачи, можат да бидат и подобри, а ако нарачуваш, срам да ти е!

Нејзиниот СИН НАД СИНОВИТЕ секако никој не може да го сака како таа, па според тоа, џабе се трудиш!