Радио Милева доживување

Теа Трајковска тргна во остварување на сонот: „Нема да лажам, го живеам најдоброто“ (фото)

Теа Трајковска тргна во остварување на сонот: „Нема да лажам, го живеам најдоброто“ (фото)

Секој од нас посакал дестинација да ја посети и истражи, а кога таквото доживување и авантура ќе се зачини и со омилената музика и тоа во живо, тогаш остварување на замисленото доаѓа до врв. Пејачката Теа Трајковска тргна од замисла до реализација во остварување на својот сон, а нејзината дестинација беше Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THEA (@theatrajkovska)

Социјалните мрежи се прозорецот кон приватноста на познатите, а овој пат Теа сакаше секој детаљ од своето патување да им го покаже на своите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THEA (@theatrajkovska)

Огнената црвенокоса како и сите туристи со мапата на градот во рака, тргна во посета на најзначајните знаменитости меѓу кои секако беше Ајфеловата кула и тоа во ноќно блескаво издание, следеше магичниот Дизниленд, а потоа и некогашниот центар на моќта во Франција – Версај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THEA (@theatrajkovska)

Сепак, веруваме дека најголемата возбуда за Теа беше концертот на нејзиниот омилен музичар и група уште од тинејџерски години. Описот за нејзиното доживување да ги слуша во живо гласеше вака:

-Кој ме знае повеќе од 5 small talks знае дека сум die hard фан на „Panic! at the disco“ od 13 години, од првата песна што ја издале во кариера до ден денес. Музика што ме израснала и ми била „safety blanket“ во сите „ups & downs“ последниве 15 години и инспирација за мене како артист – дека кога си различен а свој тоа ќе биде препознаено (од вакви пациенти како мене. Кога прочитав дека ова им се последни датуми ever и бендот како таква форма и под тоа име нема да постои веќе морав да делувам бидејќи ќе ми останеше неостварена желба на „bucket list“. „Long story short“ – имам closure, срцево полно, а вчерашната вечер една од најубавите за мене. @panicatthedisco благодарам за се’ p.s. Жалам за девојчето до мене што ме гледаше со прекор кога врескав затоа што снимаше и и ги заебав сите снимки p.p.s. Следно идам на „Fall Out Boy“, раскажа Теа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THEA (@theatrajkovska)

Возбудата веројатно ќе ја држи подолго, а фотографиите и спомените ќе ги има за цел живот како потсетник за убавите кои сами умееме да ги создадеме.

фото:Instagram/Thea Trajkovska

To top