Во претходните три месеци повеќето од познатите своите родендени ги прославија во карантин, самоизолација….односно дома во кругот на семејството и најблиските, почитувајќи ги препораките за заштита од короната.
По Тамара Тодевска, Каролина Гочева, Адријана Алачки…роденден славаше и младата македонска пејачка Теа Трајковска.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/adrijana-alachki-slaveshe-rodenden-sama-vo-karantin-eve-kolku-godini-napolni-foto/
Иако можеби планирала на друг начин да го прослави нејзиниот ден, сепак поради рестрективните мерки таа мораше да остане дома.
Имено, на својот „Инстаграм“, Теа објави дел од роденденската атмосфера во домот. Таа ја покажа тортата која ја направила нејзината сестра, а дуваше и свеќички.
„Сестра ми ја направи тортата, Тоби им влезе јако на балоните (овие се тие што преживеаа), а јас во Март кога почна ова, поинаку го замислував роденденов ама се додека сме сите на број & живи и здрави“, напиша Трајковска како објаснување покрај фотографијата.
Нејзините пријатели, колеги, следбениици преку кусите приказни и го честитаа роденденот. Инаку, Теа наполни 27 години.
Честитки!