Познатата холивудска актерка Оливија Њутн Џон почина на 73-годишна возраст.
Актерката утрото на 8-ми август 2022 година починала на својот ранч во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите, пишува „Дејли Мејл“.
Нејзиниот сопруг Џон Истерлинг ја објави нејзината смрт на неговата Фејсбук страница.
– Бараме сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овој многу тежок период, напишал тој.
– Оливија е симбол на триумф и надеж повеќе од 30 години во нејзиното патување со ракот на дојката. Нејзината исцелителна инспирација и пионерско искуство со хербалната медицина продолжува со Фондацијата Оливија Њутн-Џон, посветена на хербалната медицина и истражувањето на ракот, додал сопругот.
Семејството побарало наместо цвеќе да се донираат донации за нејзината организација за рак.
Оливија е родена на 26 септември 1948 година во Велика Британија и беше австралиска пејачка, текстописец, актерка, претприемач и активист. Таа е четирикратен добитник на Греми наградата, чија музичка кариера вклучува пет хитови број еден и уште десет топ 10 хитови на „Billboard Hot 100“.
И покрај завидната и успешна музичка кариера, Њутн-Џон огромното мнозинство ќе ја памети како добродушната Сенди од мјузиклот „Брилијантин“ во кој глумеше со американската филмска ѕвезда Џон Траволта.