Радио Милева скршено срце

Тажен ден за Игор Џамбазов: „Замина, најмилото сонце мое“ (фото)

Тажен ден за Игор Џамбазов: „Замина, најмилото сонце мое“ (фото)

Разделбата стана се почест гостин во животот на нашиот познат шоумен Игор Џамбазов. Со тага и скршено срце, Игор објави дека од овој свет си заминала неговата најдобра пријателка, мачката Емилија со која беа неразделни.

-Денес мојата Емче замина на небото. Најмилото сонце мое… напиша кратко тој објавувајќи фотографија од неговата сакана крзнена миленичка Емилија Џамбазова Бавчанска.

Животот со животните знае дека биде поубав, но и тежок кога ги губиме. Денот за Игор беше поубав со Емче, а многуте следбеници му порачаа дека им е жал за загубата со многу симболи од скрешни срца.

Емче и Игор доста често ги забавуваа следбениците на Инстаграм, а мачката своевремено имаше и профил на Фејсбук.

Емче патуваше од Скопје до Дојран, па и на други места каде Игор сметаше дека таа може да му прави друштво.


Џамбазов пред повеќе од една деценија за најдобар пријател го имаше кучето Бошко за кој знае да каже дека се уште не го прежалил, а веруваме дека истите чувства ќе бидат присутни  и за Емче која остави празнина во неговата прегратка, скут, место во креветот и секако во срцето.

фото:Инстаграм принтскрин/ Стефан Рајхл

To top