Радио Милева тоа сум јас...

Татјана Лазаревска славеше роденден со математичка равенка: Реши ја па погоди, колку полни години? (ФОТО)

Татјана Лазаревска славеше роденден со математичка равенка: Реши ја па погоди, колку полни години? (ФОТО)

Пејачката Татјана Лазаревска има нов повод за славење и честење, се разбира.

Откако со својот сопруг и колега по професија Новица Василевски и децата најпрвин се здомија вселувајќи се во новата куќа во Мелбурн, каде последниве пет години живеат и работат, ги пречекаа првите гости од Македонија, па ја споделија радоста на социјалните мрежи, па дојде и тој ден…

Денот што го чекаме цела година, а не е Нова Година, туку е роденден, овој пат оној на Татјана.  А роденденот по обичај, без оглед на годините, треба да се одбележи прослави на пригоден начин. Затоа пејачката не штедеше на заработениот хонорар и бакшиш од тезгите, па како експерт за штимунг на туѓи родендени и себе си си приушти весела роденденска забава, во која уживаа и нејзините австралиски пријатели.

Дамите не е ниту пристојно, ниту џентлменски да се прашуваат за годините, освен… ако самите не изразат желба тоа да го соопштат! А Татјана ниту ги крие, ниту ги премолчува, ама затоа, така лесно не ги ни соопштува.

Како педагог по вокација, настрана од пеењето, како и секоја „учителка“ смисли мала игра, па пејачката славеше роденден со математичка равенка. Имено, кој ќе знае да ја реши, ќе дознае и колку години полни фолкерката!?

Роденденската равенка ја сподели на својот инстаграм па напиша:

„21 х 2+3 = That’s me (Тоа сум јас)? 

Е сега оној или онаа кому математиката му била „ноќна мора“ на училиште… Не, не, не станале пеја(к)и… Туку ќе почнат наопаку да ја решаваат па ќе излезе дека Татјана Лазаревска е најстарата пејачка на светот со 105 години!

Ама бидејќи не е, останува да тргнете по обратна логика или математичко правило кое оние што биле „петкаши“ по математика, добро го знаат… А тоа е дека најпрвин се множи и дели, а потоа собира и одзема… Освен ако нема некоја заграда, а овде ја нема!

Или што би рекле: 2 х 21 = 42+3 = Среќен 45-ти роденден Татјана Лазаревска и од редакцијата на Вистина.ком.мк! 

To top