Македонската фолкерка Татијана Стефановска пред две недели се реализираше во улогата на мајка.
Токму оваа вест дека ја изненади јавноста со оглед на тоа што немаше никакви наговестувања дека пејачката е бремена и дека ќе има принова во семејството.
Имено, таа на социјалните мрежи споделуваше фотографии од неа, но ниту во еден момент не откри дека е во блажена состојба, ниту пак го покажа трудничкиот стомак.
По пристигнувањето на новиот член на семејството, Татијана на социјалните мрежи поточно на својот Фејсбук обелодени дека станала мајка и добила ќерка за која до одбра името Ана.
„Голем си Господе. Благодарни и должни сте ми довека. Ни се роди ќерка. Господ секаде да дава ваква радост“, напиша тогаш на Фејсбук, а под објавата се нижеа честитки од нејзините виртуелни пријатели.
Стефановска не објавни ниту дека е бремена, ниту пак го покажа трудничкото стомаче, а по породувањето, па досега не објави ни фотографија од наследничката.
Сепак, деновиве во кусите приказни на „Инстаграм“, пејачката сподели фотографија од бебенцето, поточно не го покажа нејзиното лице туку само малите нозе на бебенцето.
Дефинитивно, Татијана ужива во својата нова улога и во секој момент поминат со наследничката, а допрва им следуваат убави моменти на кои ќе се радуваат.
Инаку, Битолчанка со години е во брак со музичарот Митко Бежановски и Ана е нивно прво дете.