Во новата комедија на МНТ насловена „Кец на десетка“ од Митко Бојаџиски, а во „колективна“ режија на Драган Спасов Дац, Јордан Симонов и … други, играат актерите Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан и Ивица Димитријевиќ.
Токму тие и ја исполнуваат насловната тема работена според музиката на легендарните Yazoo и нивната „Only You“, за која текстот, адаптација и аранжманот ги направил Александар Митевски, а продуценти се Александар Митевски и Бобан Василески, кој ги свири и гитарите. Армоника свири Војче Петрушев, на кларинет е Зоран Крагуевски.
Фотографиите и видеото ги потпишува Драган Гајиќ, додека монтажата е на Бобан Стоименовски.
Зад сето ова како проект стои PIKADO creative collective и Македонски Народен Театар од Скопје, а како звучи насловната тема од „Кец на десетка“, слушнете и погледне од видеото во продолжение.