Пејачката Тања Савиќ наводно итно мора да оди на операција на гласните жици, тврдат нејзини блиски соработници.
Имено, фолкерката неодамна поради здравствената состојба го откажа настапот во Словенија, а потоа и сите останати во следниот месец за да се справи со проблем со гласот.
-По којзнае кој пат ѝ „пукна“ гласот, па мораше да ја откаже свирката. Кога добила температура, Тања отишла на лекар и состојбата е алармантна. Ова не е првпат да и биде понудена операција. Минатиот пат се однесуваше многу неодговорно и штом состојбата малку и се подобри, продолжи да пее наместо да ги слуша лекарите и што поскоро да се оперира – вели извор близок на пејачката.
– Сега таа беше доста исплашена. По Словенија, таа веднаш ги откажала сите други тезги кои ги закажала за следниот месец за да реши некој здравствен проблем. Прво, треба да ја стабилизира температурата и да ја доведе во нормална состојба.
Инаку, пред неколку дена Савиќ и се обрати на публиката преку видео на Инстаграм.
– Драги мои, имам важна најава, можете да слушнете како ми е гласот, поради тоа морам да го откажам настапот во Словенија, се радував на тој настап, знам дека и вие се радувавте, но не можам да пеам вака. Не смеам да пеам, имам температура. За еден час одам на лекар на преглед. Не знам што ќе ми кажат – изјави тогаш Тања Савиќ, а подоцна веќе не се огласи.