Радио Милева со поука од искуство

Тамара за крај на годината е на чисто со самата себе и оние кои веќе не се дел од нејзиниот живот (фото)

Тамара за крај на годината е на чисто со самата себе и оние кои веќе не се дел од нејзиниот живот (фото)

Секој од нас знае да си направи муабет сам со себе кој не мора да е гласно, туку тивко и во себе. За тоа не мора да е крај на годината за да донесеме заклучоци, да ги сумираме впечатоците, да ги разграничиме нештата и да ставиме точка или да дадеме шанса за понатаму…

Тамара Тодевска можеби не го срочи напишаното кое го сподели јавно на својот профил, туку се пронајде во извадокот и се идинтификуваше во истиот во кој се вели:

-Се надевам дека тивко ќе им се заблагодариш на луѓето кои си заминаа од твојот живот оваа година. Од една или друга причина, не остануваат сите – не само романтично, туку и во пријателствата. Не завршува секоја личност од која очекувате да застане покрај вас. Некои луѓе не беа наменети да бидат во вашата приказна до крајот на вашите години, туку привремени ликови проткаени низ вашите приказни за да ве научат поуки и да ве направат подобра личност. И ако ти го напуштат животот, се надевам дека нема да се претепаш и да го носиш со себе – туку биди благодарен за заедничките времиња и посакај им добро, гласи објавата.

Во 2022 година Тамара јавно потврди дека се разведува од сега веќе екс- сопругот Александар Димитровски, а 2023 веќе беше годината во која тој е личноста која веќе не е во нејзиниот живот, барем не како брачен партнер.

Во објавата мислеше на некој друг/и или не, не посочи, но затоа сигурно е за оној што реално и се знае дека веќе не е дел од нејзиниот живот.

Беше година и на нови шанси, нови љубови за кои не криеше, туку отворено пред себе и пред сите покажа како стојат нештата.

Во Новата ќе влезе со нови животни избори и искуства од кои како што „вели“ погоре изнела поука.

фото: instagram printscreen/ tamaratodevska

To top