Радио Милева за убаво да е!

Тамара Тодевска слави роденден: Еве колку години полни и кое е нејзиното роденденско мото (фото)

Тамара Тодевска слави роденден: Еве колку години полни и кое е нејзиното роденденско мото (фото)

Според некое непишано правило се вели дека годините се само број, па водена од тоа пејачката Тамара Тодевска нема проблем да открие дека денес, 1-ви јуни полни 38 години.

Како реализирана жена, таа вели дека она што и преостанува е само да биде среќна.

Позади себе Тамара остава една година полна со убави и не така добри моменти, но ако се водиме по онаа секое лошо за добро е, 37-та на Тамара и донесе нови искуства и нови животни лекции.

На прво место за неа секогаш се Хана и Дарен и музиката која се нејзина храна и двигател, а се попратно вреди или не вреди да се задржи или да излезе од константа.

Разделбата со сопругот беше едно големо премрежје во изминатите неколку месеци кое реши да го остави како дел од интимата, се’ за доброто на своите најмили. Песната, насмевките, искрените дружби, секогаш позитива се добредојдени, особено кога е повратно вратена од публиката кога е на сцена.

Многу честитки, убави мисли и желби на социјалните мрежи кај Тамара Тодевска за 1-ви јуни, роденденски ден кој за неа има едно мото кое гласи:

„Се’ што е добро почнува во јуни“

Ние ќе и посакаме секој ден да и бите така убав како јуни, среќен распеан и насмеан.

Среќен роденден!

фото:Инстаграм принтскрин/Тамара Тодевска/Чедо Поповски

To top