Радио Милева Атмосфера за мерак

Тамара Тодевска се подготвува за зимата: Пејачката традиционално правеше ајвар во Драчево, ама во мешањето „се замеша“ и некој друг (фото)

Тамара Тодевска се подготвува за зимата: Пејачката традиционално правеше ајвар во Драчево, ама во мешањето „се замеша“ и некој друг  (фото)

Македонската пејачка Тамара Тодевска и оваа есен замина во скопската населба Драчево за како и секоја година, традиционално, побрза  да го приготви највкусниот домашен македонски специјалитет, надалеку познатиот ајвар.

Таа на  Инстаграм објави фотографии со кои се пофали дека заедно со татко и по стариот рецепт  ја отворија сезоната на ајварот и лутеницата.

Дека одлично се забавувале додека го приготвувале се гледа и од објавата на Тамара, која со насмевка и во добро расположение го задевала татко и Велко Тодевски.

Иако, со поскапувањата според некои поисплатливо е да се купи, домашниот, заедно со  целиот процес на подготвување е незаменливо чувство. Така, старите навики останаа и кај пејачката, па омилената зимница од пипеки  повторно ќе се најде на домашната трпеза.

Оваа година во мешањето „се замеша“ и нејзината ќерка Хана, која реши да помогне и да учествува во целиот процес. А, наследничката на Тамара со тоа покажа колку е вредна и трудољубива,  ама и како се создаваат домаќински навики кај девојчето уште од малечка.

Атмосфера за мерак, која го собира семејството заедно, која и годинава е предизвик за сите кои за жал, полека ја запоставија и се откажаа од оваа  прекрасна традиција.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тамара Тодевска

To top