Тамара Тодевска не била никогаш послаба… Така и изгледа, а тоа евидентно на прв поглед и самата го покажува.
Таа веќе неколку години е редовно „заглавена“ во теретана и тоа со личен тренер кој ја држи под контрола и дисциплина да води здрав начин на живот, да билда имунитет и секако да го има телото кое го посакува.
View this post on Instagram
Ако претходно имаше проблем со килограмите, денес Тамара гордо може да се пофали дека успеа да добие рамен стомак, теки нозе, па дури и исцртани стомачни.
По секојдневните напорни тренинзи, здравата исхрана и третманите во салони за убавина, Тамара редовно се фали дека постигнала одлични резултати.
Овој пат презадоволна од себе позираше по црна долна облека во која изгледа задоволно, а тоа се гледа и од изразот на нејзиното лице.
Тамара се „цеди“ на најјако, а за трудот доби награда, лична сатисфактија и мотивација да продолжи со исто темпо на физичка активност и здрави навики.
Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска принтскрин