Промотер

Тамара Тодевска објасни во новата песна што е тоа – „Слобода“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Тамара Тодевска објасни во новата песна што е тоа – „Слобода“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Тамара се враќа на македонската музичка сцена со нејзината нова песна со наслов „Слобода“.

Музиката за песната ја компонирал Роберт Билбилов, аранжманот го направил Дарко Димитров, а стиховите ги напишал Игор Џамбазов.

„Слобода“ е инаку првиот македонски сингл, од престојниот, трет студиски албум на Тамара кој треба да излезе во јавност до крајот на летото.

Песната инаку има три верзии, македонска, српска и англиска насловена како „Rise“.

Ова е песна за можеби најважната работа во животот, а тоа е слободата. Слобода да бидеш тоа што сакаш да бидеш и да го живееш животот онака како што сакаш да го живееш. Слобода да се изразуваш, слобода да се менуваш, да се трудиш да бидеш подобар човек но истовремено и да ги инспирираш другите да станат подобри. Слобода да разбереш, да простиш, да љубиш. Слобода да направиш грешка но да научиш од неа“ – порача Тамара.

Видео записот за песната ќе ја има својата премиера за две недели, а дотогаш слушнете ја „Слобода “визуелизирана со лирик видеото со стиховите од истата.

To top