Тамара Стојковска во етер ја пушти својата најнова песна ,,Не е до мене”. Тамара е самостоен уметник од Битола и зад себе веќе има 5 песни. Таа заедно со Коста Хаџикојчев се автори на текстот за ,,Не е до мене”, а Каџикојчев беше задолжен и за музиката и аранжманот.
Песната ја прати и колоритен спот со повеќе интересни ликови кој е сниман на неколку локации во Битола.
Освен соло кариерата, Тамара е и главен вокал на бендот „Funk’d Up“ со кој е дел од клубската сцена во Македонија последниве неколку години.