Промотер

Тамара Стојковска е под „Друга ѕвезда“ (ВИДЕО)

Тамара Стојковска е под „Друга ѕвезда“ (ВИДЕО)

Тамара има 22 години и  и во моментов ги завршува студиите на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот за  музичка теорија и педагогија. Со пеење се занимава од 7 годишна возраст, а освен со музика се занимава и со глума во театарот Дел Арте во Битола.

Покрај работата како самостоен изведувач, Тамара е член на бендот „Страна Б“ со кој се дел од клубската сцена низ Македонија, и е дел од професионалниот хор ,,Про Арс”.

Ова е нејзина прва песна, предходно имаше неколку кавери со преработки на познати песни.

Музиката и аранжманот се на композиторот Давор Нечак, текстот е на Јосип Коцев. песната е снимена во студиото „Подрумот“ на Анѓел Ќосев кој  се потпишува како тон мајстор, а стои и зад миксот и мастерингот на песната.

Видеото е дело на Агон Исмајли и Зубер Красниќи. Сето тоа спакувано во музика и видео можете да гао проследите во продолжение.

To top