Мегафон

Тамара и Тијана најавија прв заеднички концерт и тоа онлајн

Тамара и Тијана најавија прв заеднички концерт и тоа онлајн

Tијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска на 23-ти февруари ќе одржат прв заеднички онлајн концерт. Дека ќе пеат заедно по долго време, тие најавија преку Инстаграм и ги повикаа своите фанови да ја симнат апликацијата YouBox преку која ќе може да го гледаат концертот.

„Конечно ја фатив сестра ми да одржиме концерт заедно. Почнуваме во 21 часот“, напиша Тијана. Слична објава имаше и Тамара, која рече дека е возбудена што ќе пее заедно со Тијана.