Радио Милева
сестринска љубов

Тамара и честиташе роденден на Тијана со емотивна порака: „Те сакам сесре, сонце мое си ти“

Тамара и честиташе роденден на Тијана со емотивна порака: „Те сакам сесре, сонце мое си ти“

Најпознатата македонска пејачка, а во последно време и актерка која живее надвор од Македонија славеше роденден. Тијана Дапчевиќ наполни, не ниту важно колку години, зашто како што сме рекле стопати досега, на дамите не им се бројат годините. Ама затоа им се бројата честитките. А кај неа, роденденски честитки еден куп, со желби рој за долг живот, добро здравје, енормна среќа, огромни успеси… Со два збора – се’ најдобро!

И се разбира, сите честитки се драги кога се дојдени од драги луѓе, но сепак од морето пораки и убави желби, една се издвојува, една е најдрага и најмила, зашто доаѓа од најсаканата – сестра!

Тијана и Тамара иако според местото на живеење ги делат километри, сепак се неразделни. Две тела една душа, неизмерна љубов и хармонија ја краси сестринската врска која е нераскинлива и во арно и кога не многу арно. Тука се една за друга, една крај друга секогаш кога едната на другата и е потребна и обратно!

Затоа, роденденската честитка од сестрата е највпечатлива и најмногу значи и допира.

„Да не беше ти, немаше да ме има ни мене. Мојот прв идол и узор. Моја најдобра другарка и најголема поддршка. Те сакам, сесре. Бескрајно. Среќен роденден. Да победиш на Беовизија, да одиме пак на Евровизија.  Биди здрава, среќна, сакана и успешна“ – и порача во роденденската честитка Тамара на својата постара сестра Тијана покрај споделените фотографии…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

На првата, онаа од раното детство, кога Тијана како девојченце ја држи Тамара како бебе в раце и онаа од блиската сегашност, на што славеничката и возврати:

„Те сакам мори брееееееее… Едвај чекам да те гушна,… ЕД-ВАЈ“!!!

Потоа истата фотографија ја Тијана ја споделила и на својот Инстаграм додавајќи: „Сонце мое си ти“!

Фото: Инстаграм принтскрин/tamaratodevska/tijana.dapcevic

 

 

Останати вести од Радио Милева