Живот и Стил Како ви излегоа?

Тајната состојка ги претвора во МАГИЈА! Слатки и брзи ПАЛАЧИНКИ без јајца, млеко и шеќер

Тајната состојка ги претвора во МАГИЈА! Слатки и брзи ПАЛАЧИНКИ без јајца, млеко и шеќер

Без разлика дали постите или имате членови на семејството кои имаат нутритивна алергија, како на пример на кравјо млеко или протеини од јајца, или само сакате да го ограничите внесот на храна што ја одгледуваат, овие палачинки ќе ви се допаднат!

Нивната тајна состојка е сокот од јаболко, кој дава доволно течност за да се направи ретка смеса неопходна за подготовка на палачинки, а даваат и сосема нов и богат вкус. Покрај тоа, поради слаткоста на сокот не е потребно да се додава шеќер, а циметот дава сосема нова димензија.

Состојки:

300 грама брашно
прстофат сол и цимет
100 милилитри газирана минерална вода
4 лажици растително масло по ваш избор
250 милилитри сок од јаболко

Подготовка:

Прво прелијте ги течните состојки, па постепено додавајте го брашното и прстофат сол и цимет додека мешате. Се добро измешајте, па оставете да отстои половина час.
Потоа повторно промешајте, извадете со лажичка и печете во подмачкана тава како класични палачинки.

Наполнете по желба, а ако случајно имате џем од јаболка – вкусот ќе ве зашемети.

Кажете ни како ви излегоа!

извор: popara.mk

To top