Фолк пејачот и ѕвезда на „Гранд“ Љуба Перуќица, инаку бившо момче на Александра Пријовиќ со која беше во врска пред таа да се омажи за Филип Живојиновиќ, на својот Инстаграм профил сподели тажна вест за смрт во семејството.
Пејачот со пост на своите Инстаграм приказни се прости од својата сакана баба, која денеска почина, а кон која пејачот беше многу приврзан.
„Ме будеше секое утро, ме хранеше, пазеше, ме чуваше… Ти беше најдобрата баба на светот за сите нас, секогаш полна со љубов, грижлива, секогаш насмеана. Додека сум жив, нема да ја заборавам твојата прва реченица кога ќе ме видиш „Сака баба Љуба да го љуби“, со сета потврда „да љуби“, за секој случај, колку да потврдиш. Твоите предолги приказни од младоста од вашето село, со сите детали што со часови ги раскажуваше, кои често ни беа „здодевни“, сега ќе ни недостигаат… Се изнамачи во животот, не ти беше лесно, но успеа да не доведеш сите на вистинскиот пат. Не мораше да не напуштиш токму на својот роденден, можеше да биде и поинаку… Но знај дека сите те сакаме многу и дека никогаш нема да те заборавиме, дека секогаш ќе останеш најдобрата баба! Збогум и се надевам дека ќе се сретнеме повторно еден ден за да ти кажам што пропушти“ – напишал пејачот во прошталната посвета на својата почита баба.
Фото: Инстаграм принтскрин/ljubaperucica