Живот и Стил

Таа го преживеала Чернобил: Две седмици не знаевме што навистина се случило, а по 6 месеци започна пеколот

Таа го преживеала Чернобил: Две седмици не знаевме што навистина се случило, а по 6 месеци започна пеколот

Украинката Јанина Скарлет имала само 3 години кога се случила катастрофата во Чернобил.

Нејзиниот роден град од Чернобил е оддалечен нешто помалку од 300 километри, па жителите претрпеле огромни последици.

“Не се сеќавам добро на самиот настан, но знам дека сите околу мене беа збунети по експлозијата. Кога конечно дознавме што се случило, збунетоста прерасна во голема загриженост”, открила таа.

Дури по 2 недели дознавме што навистина се случило.

“Дури кога другите држави открија дека нешто не е во ред, владата не извести за ситуацијата и ни препорача третмани со јод за да се намали шансата за потенцијални здравствени компликации поради радијацијата. До тогаш веќе сите со недели бевме изложени на радијација. Излегувавме на отворено, јадевме овошје и пиевме вода, сето тоа не труеше. Шест месеци подоцна, луѓето почнаа да се разболуваат, а јас бев меѓу нив”, опишуваа таа.

Последиците од радијацијата ги трпи и денес. Имунолошкиот систем и е толку оштетен па и поради најмала настинка мора да оди во болница. Освен тоа има напади, мигрена и крварење од нос.

Нејзиното семејство по несреќата успеало да добие азил во Америка, па Јанина растела во Њујорк, но, како што вели, ни таму не и било лесно. Врсниците, вели, ја исмејувале и и велеле дека е радиоактивна, а на 16 години, кога го гледала Икс-мен, филмот кој се занимава со мутанти, и се променил животот.

“Беше како да се гледам себе, сакав да им се приклучам. Тоа беше прв пат да сфатам дека не сум жртва, туку борец. После тоа се запишав на психологија, а денес сум психолог специјализиран во користење на суперхерои и други фиктивни ликови за да им помогнам на луѓето да се соочат со своите трауми”, открила таа.

Признава дека уште и е тешко да зборува за тоа. Кога видела дека почнала да се емитува серија за чернобилската катастрофа, и тоа и паднало тешко.

“Беше тешко и болно да се гледа. Кога видов како во серијата некои луѓе не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата дури и кога ги гледаат луѓето како умираат од радијација, ме потсети на хорорите низ кои минуваа многу наши луѓе”, рекла таа.

извор:точка.ком.мк

To top