Синот на Лепа Брена, помладиот пејач Стефан Живојиновиќ деновиве не излегува од студио каде ја снима својата нова песна.
Тој во една прилика истакна дека една од неговите песни ја посветил на неговата прва љубов.
Имено, песната „Во другиот живот“ ( У другом животу) која имаше одличен фидбек од публиката, Стефан ја посветил на својата поранешна девојка од Бугарија.
Стефан во песната пее за својата прва љубов со која раскинал поради одредени околности.
„Интересно е што песната е за мојата прва љубов. Ние двајца бевме заедно кога бевме многу млади и патиштата некако ни се разделија. Се сакавме, но поради раздвоеноста не успеавме да ја одржиме врската. Мојот брат ја знаеше приказната и заедно со Браја ја направија песната“ вели Живојиновиќ.
Инаку, Стефан исто така ја издаде песната „Зло мое невино“ кое исто така имаше одличен успех.