Навикнати сме пејачката Јелена Карлеуша да ја гледаме во провокативни изданија во кои повеќе открива од што покрива.
Со нејзините објави на социјалните мрежи често ја разбудува машката фантазија, а кога ќе се појави на снимање, носи разни комбинации кои одлично и прилегаат на нејзината фигура, но и во кои ги покажува нејзините атрибути.
Меѓутоа, Јелена сега се појави во издание во кое речиси немаме прилика да ја видиме.
Имено, пејачката била видена пред суд во друштво на нејзиниот адвокат.
Таа не открила зошто дошла на суд, ниту пак била расположена за фотографирање, но се појавила во несекојдневно издание за неа.
Имено, за прилика, Карлеуша била облечена во долг едноставен, пролетен фустан без ракави кој го комбинираше со црни балетанки.
Речиси никогаш немаме прилика да ја видиме Јелена во вакво издание, а ќе се согласите и дека вака изгледа како бомба.