Македонската пејачка од Прилеп, Оливера Ѓоргоска пред неколку години се пресели во Америка поради доусовршување на своето музичко образование.
Меѓутоа, Оливера не само што успеа да ги оствари своите зацртани цели, туку се вработи и го споделува своето знаење како наставиник.
Пејачката живее во Лас Вегас, но во една прилика истакна дека многу и недостига родната земја и семејството.
Таа е активна на социјалните мрежи, па често знае објавува фотографии од неа со некоја мудра мисла.
Деновиве, Оливера објави дека се сретнала со познатиот бразилски модел Алесандра Амбросио.
Имено, таа на својот „Фејсбук“ објави фотографија со Алесандра како двете позираат во елегантни изданија.
„Ние си вибрираме. Прекрасна вечер со прекрасната Алесандра Амбросио“.
Под објавата се нижеа позитивни коментари и за Оливера и за Алесандра, а многумина може да и позавидат на оваа средба.
Потсетуваме, пред неколку години на нашата пејачка и се исполни сонот кога во студио се сретна со светски познатата музичка ѕвезда – Селин Дион.