Фолк пејачката Сузана Гавазова конечно го објави снимениот спот за песната “Опасна за око”, отпеана на последниот фолк фестивал „Роса Фест“ за едно со блех оркестарот на „Џамбо Агушев“ кој исто така учествува во видеото.
Инаку, видеото се снимаше во Скопје, а за него беше задолжена екипата од продукцијата „Арт студио“. Во него привлечната струмичанка покажа буквално со се’ што располага како убавина…
Гавазова го „истури“ сиот свој сексапил, ставајќи ги на тацна своите бујни атрибути, подзаскриени во по некое парче облека.
Од убавото лице и полните усни, преку бујните гради и нејзината секси задница, до виткото тело и долгите нозе во чии препони високо се врежало црното боди… колку да го покрие она што преостанува!
Провокативна, пожелна, заводлива… Гавазова – секси до болка!
Автор на музиката за „Опасна за око“ е Борче Димитров, стиховите ги напиша Орце Зафировски, додека аранжманот и продукцијата ги направил Дејан Момировски. Наскоро фолкерката најави и промоција на спотот.
Погледнете го најновото видео на Гавазова и уживајте во секој негов кадар.