Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева претходната година во август стапи во брак со Филип Наунов.
По еден месец од свршувачката, парот организираше свадба која се случи во еден скопкси ресторан во кругот на најмилите и најблиските.
Потоа, во една емисија Сузана истакна дека нејзината ќерка е бремена и дека го очекува првото внуче. Имено, сношти ќерката на Сузана, Лора се породи и на свет донесе момче.
Убавите вести на социјалните мрежи ги сподели самата Лора, која на својот „Фесјбук“ напиша:
Најубавиот поклон од Бога, станавме мама и тато на нашиот син!
Исто така, Сузана на својот „Инстаграм“ се пофали со убавите вести и дека станала супер баба.
„Седете мирни, ноќеска ми се случи човекот на мојот живот! Радост невиденааа, да ни е здрав и среќен“, напиша Турунџиева.
Под објавите се нижеа честитки и убави зборови за тазе мајката и тазе бабата.
Честитки, нека е живо и здраво.