Македонската водителка, пејачка, писателка Сузана Турунџиева имаше убав повод за славење и радување.
Имено, нејзината постара ќерка Лора прослави роденден, а токму по тој повод Турунџиева и се обрати преку социјалните мрежи.
Таа објави фотографија на која позира заедно со семејството односно ќерките Лора и Матеа, зетот Филип, внукот, а во описот и се обрати со емотивна порака.
-Во годината со многу двојки, мојата прва љубов Лора го слави 22 роденден. Да ти се множат среќни и исполнети со љубов години мила моја ќерко, напиша таа до семејната фотографија.
Под објавата се нижеа честитки од нејзините фејсбук пријатели.
Инаку, Лора не е активна на социјалните мрежи, па речиси многу ретко објавува фотографии од приватниот живот.
Лора во 2018 година заплови во брачните води заедно со нејзиниот партнер Филип Наунов, а свадбената церемонија ја направија во кругот на семејеството и блиските пријатели.
Среќен роденден!
фото: фејсбук/ suzana turundzieva