Водителката Сузана Манчиќ е во брак со грчки бизнисмен, а сега откри детали за нивниот однос и истакна дека доколку би живееле заедно, тие ќе си извадат очи.
Имено, тие од самиот почеток се интересни за јавноста, а Сузана секогаш отворено зборува за нивниот брак.
„Ние сме така 21 година, не живееме заедно. Да живееме заедно очи ќе си извадиме, но би пронашле начин да се смириме“, истакна Сузана и откри каде треба да биде границата на односот.
„Треба да уживаш во љубовта додека е убаво, кога ќе сфатиш дека тоа не е тоа, тогаш треба да одиш“, изјави таа.
фото: Инстаграм/сузана манчиќ/тв пинк