Естрадната професија навидум изгледа лесна, и забавна, а во суштина зад насмеаните и ведри лица на распеаните уметници се кријата различни животни приказни, разно-разни судбини не секогаш со среќен крај. Природата на естрадната професија не само што нималку не е лесна заради икс околности, туку начинот на живоот на естрадните ѕвезди, особено дамите, носи безброј ризици, кои неретко се одразуваат и на нивната приватност.
Токму заради тоа, многу од естрадните пејачки имаат зад себе и еден или неколку пропаднати бракови, несреден приватен живот, исполнет со љубомора, сцени, расправии, несогласувања, па дури и случаи на семејно насилство… да се опстане во љубовна врска или хармоничен брак со естрадна пејачка многумина велат дека е „научна фантастика“ или поточно – „невозможна мисија“!
Но дека она што за многумина е „невозможно“ за македонската фолк ѕвезда Сузана Гавазова очигледно е секојдневна реалност, зашто атрактивната струмичанка и покрај сите ризици и предизвици на естрадната професија, живее во брачна чудесија! Во складен и хармоничен брак со својот сопруг Јасмин, кому до душа „од втора мајка“ среќата му се насмеала, но евидентно е дека „секирата му паднала во мед“ и нему, ама и очигледно и на пејачката.
Да не е така, не би биле изразите на љубов толку големи и во форма на емоции и во вид на подароци за сите позначајни датуми и тоа од обете страни.
Роденден е денот што го чекаме цела година – велат децата, а возрасните можеби и не му се радуваат толку иако…
Какви се времињата во кои живееме, евидентно е дека сите им се радуваме на родендените, без оглед на возраста и годините кои ги полниме! Покрај она нематеријалното што Гавазова (ќе) му го дарува на својот сакан Јасмин и подарокот што му го купила или подготвила, пејачката својата љубов јавно му ја искажала со роденденска честитка на сопругот.
View this post on Instagram
„На овој прекрасен прв ден од пролетта е роден мојата љубов, мојот сопруг и татко на моите деца. Личност која секогаш стоеше со мене до крај и никогаш не се сомневаше во ниту една одлука. Човек со храброст, човек со искреност, добар сопруг, добар татко, совршен придружник. Јас сум најсреќната сопруга на светот! Те сакам и среќен роденден, да си жив и здрав, Јасмин Курузовиќ“ – јавно му порача од срце и душа во искрената честитка Сузана на својот сакан!
И после некој нека каже, дека ова е не е љубов?
Фото: Инстаграм принтскрин/suzanagavazova