Радио Милева

Сузана Гавазова како сирена на брег, исончана, раскошна и влажна… (фото)

Сузана Гавазова како сирена на брег, исончана, раскошна и влажна… (фото)

Македонската фолкерка Сузана Гавазова важи за една од најзгодните пејачки на естрадата. И тоа не само на нашата, што пополека почна и да го докажува и остварува, ама за да биде регионална ѕвезда, не треба само во пеење и хитови со конкуренцијата да се натпреварува. Музиката денес се „слуша и со очи“, па затоа Гавазова својата става ја доведе до перфекција.

На неколку дена ги менува летните дестинации, а со нив и фотографиите. Воглавно во костим за капење на себе, истакнувајќи го најдоброто од себе, секој пат нудејќи се’ поразлична и поубава!

фото:инстаграм/сузанагавазова

Овој пат сексапилната фолкерка понуди фотографија со прекрасен пејсаж. Поглед на неа и околината во далечина, но и покрај природната убавина, доминацијата е помоќна од нејзина страна. Еротски пејсаж за секој вистински маж!

Тело по кое истите тие мажи воздивнуваат, а жените завидуваат.

фото:инсатграм/сузанагавазова

Сузе овој пат позираше во два модели на костими за капење, а независно дали е монокини или бикини, на такво тело едноставно секој модел соврешено се припива на неа.

За најновите фотографии собра безброј ласкави коментари, а наскоро освен овие секси пејсажи ќе понуди и нова песна и спот кои ги најави на социјалните мрежи.

фото:инстаграм/сузанагавазова

Инаку, од неодамна таа ја смени својата домашна адреса, односно државата, па од Шведска каде живееше со сопругот и децата, се врати во Македонија.

To top