Промотер

Сузана Гавазова и среде пандемија сними спот па порача – „Апсолутно мој“ (ВИДЕО)

Сузана Гавазова и среде пандемија сними спот па порача – „Апсолутно мој“  (ВИДЕО)

Откако со “Бум, бум” постигна невообичаено голем успех, а среде пандемијата на коронавирусот беше една од ретките која редовно, секој викенд, онлајн на Интернет и ИН ТВ музицираше правејќи концерти од дома во живо, македонска фолк пејачка Сузана Гавазова најде време и можности да сними и нова песна и видео за неа.

Во текот на нејзиното последно  саботно  вклучување со концерт во живо (23 мај 2020), освен веќе познатиот музички репертоар и гостите кои беа најавени како изненадување, Гавазова сите нејзини фанови ги изненади и со промоција на видеоспот за најновата песна насловена „Апсолутно мој”.

Како што и самата нагласи, видеоспотот е снимен во рекордно време за само два дена, а веднаш потоа ставен на постпродукција за да може во текот на онлајн концертот да го промовира и претстави на своите обожаватели и публиката воопшто.

„Стиховите за новата песна „Апсолутно мој”  се дело на текстописецот Орце Зафировски, музиката ја компонирал познатиот пејач од Романија Богдан Де Ла Плоиешти, а аранжманот го подготвил Минтаз Мемедов од Струмица. Песната е миксана во Белград во студиото на Саша Диниќ, а на неа свират едни од најдобрите музичари Сандрито Даниелов од Бугарија и Амза Таиров од Виница. Снимавме на повеќе локации Ќустендил, Виница, Скопје, во Струмица…” – кажа во премиернота најава за видеото Гавазова, во кое покрај пејачката главната женска рплја ја има и бившата сопруга на Даниел Кајмакоски, Мис Глоуб и Мис Балкан за 2019 и актуелна Мис Карантин 2020, тетовката Кристина Димитриевска.

Меѓудругото пејачката спомена дека песната не е украдена или позјамена, како што многумина знаат да кажат, туку како и секогаш кога се нејзините песни во прашање и овој пат песната е откупена со сите авторски права.

Во продолжение, погледнете го видеоспотот на новата песна „Апсолутно мој”, која исто така претендира биде голем фолк хит.

 

To top