Иако неодамна гламурозно го прослави својот 40-ти роденден, македонската фолкерка никако не им се дава на годините… Напротив, со својот атрактивен изглед покажува дека може да се носи и со двојно помладите колешки од неа, а од останатите повеќето без проблем да ги засени!
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/gavazova-napravi-golema-zabava-za-40-ot-rodenden-i-beshe-ultra-zeshka-vo-crveno-foto/
Во која и да е прилика, приватна и работна Сузана Гавазова знае како да го истакне својот изглед, да го потенцира својот сексапил, така што понежниот пол и љубомори, а оние од посилниот, најчесто остануваат без зборови… или поточно, без здив!
Ако на роденденската забава расната струмичанка покажа дека може да биде „ем секси до болка ем добра домаќинка до коска“, на снимањето на видеоспотот за нејзиното ново музичко оставарување потврди и уште нешто: Дека Сузана Гавазова е „ретка ѕверка“ во естрадната „Џунгла“.
Таквите се раритет, како треба да се чуваат најдобро знае нејзиниот сопруг Јасмин кој прв и го честиташе роденденот, изненадувајќи ја на полноќ среде снимање…
Облечена во боди со животински принт, Гавазова покажа дека е дива тигрица од музичката „Џунгла“, како што се вика нејзината најнова песна. Телесен раскош, елегантен „кетвок“ и секси движења што заведуваат, Гавазова со разголени долги нозе од препоните до колкот, ќе ве маѓепса и освои дури и да не сте по фолкот!
Атрактивна, заводлива, привлечна, пожелна…така блиска, а сепак далечна, но, не очајувајте и тоа нека нека ве мачи, зашто не сте единствените што посакуваат „сексапилната естрадна ѕверка“ да ве зграпчи!