Промотер

Сузана Гавазова е „Опасна за око“ (АУДИО)

Сузана Гавазова е „Опасна за око“   (АУДИО)

Минатата недела Сузана Гавазова имаше еден од најзабележителните настапи  на „Фолк фест Роса 2017“, каде се претстави со песната насловена „Опасна за око“. Настапот и имиџот на сексапилната Гавазова во духот на насловот: слободен, провокативан, а таа со својата маркантност ги засени речиси сите останати изведувачи.

Облечена во секси црно боди и врз него мантил, со длабоко деколте од кое кипеа нејзините бујни облини, во мрежести чорапи и високи црни чизми над коленици, во стилот на домино дама, таа го истури најпровокативното на себена сцената. Опасна за око, ама и по здравјето… Особено за оние со слабо срце!

Инаку, автор на музиката на „Опасна за око“ е Борче Димитров, стиховите ги напиша Орце Зафировски, додека аранжманот и продукцијата ги направил Дејан Момировски.

Гавазова песната на фолк фестивалот „Роса 2017“ ја изведе заедно со блех оркестарот на популарниот Џамбо Агушев, а во недостаток на видеозапис од истата, слушнете како таа звучи.

To top