Некои од приврзаниците на диетата со сурова храна се и вегани, т.е. воопшто не внесуваат храна од животинско потекло, но има и такви кои консумираат сурово месо и други продукти од животинско потекло. Најчесто, најмалку 75% од храната која се внесува треба да биде сурова.
Скоро сите диети треба да се држат одреден период за да бидат ефективни. Тоа не е така со оваа диета. Нема препорачан период, затоа што диетата со сурова храна треба да се смета како начин на живот и да се практикува постојано.
ЗОШТО ДИЕТА СО СУРОВА ХРАНА?
Приврзаниците на оваа диета се стремат да јадат сурова храна, затоа што сметаат дека кога храната е готвена на температура повисока од 46°C таа ги губи ензимите, кои ѝ помагаат подобро да се вари и апсорбира од организмот.
Храната со готвењето ги губи и повеќето хранливи материи и витамините. Затоа се смета дека суровата храна е поздрава.
ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ
И диетата со сурова храна, како и другите диети има свои позитивни и негативни страни.
Предности:
Многу подобар изглед на кожата;
Повеќе енергија;
Губење на телесна тежина;
Одржување на телесна тежина;
Намалување на нивото на лош холестерол, т.е. значително се намалува ризикот од срцеви и други кардиоваскуларни болести.
Недостатоци:
Потребна е добра организација;
Потребно е да бидете многу мотивирани;
Тешка е за држење, особено кога јадете во ресторан;
Потребна е подготовка;
Проблеми со варењето на храната.
РЕЦЕПТИ
Еве неколку рецепти кои ќе ви помогнат да вкусите како е да сте приврзаник на диетата со сурова храна.
Сурово чили
Состојки:
2 чаши вода
4 чаши домати
1 супена лажица зачин чили
½ супена лажица кумин
морска сол по вкус
2 чаши исечкани зелени и црвени пиперчиња
½ чаша исечкан кромид
½ чаша исечкан целер
Подготовка: Ставете ги доматите и зачините во блендер додека не се добие пире. Потоа додајте ги останатите состојки и мешајте додека не се соединат. Сервирајте го на собна температура или ладно.
Салата со манго и авокадо
Состојки:
2 манго плодови, излупени и исечкани
1 големо авокадо, излупено и исечкано
1 супена лажица сок од зелен лимон
1 супена лажица маслиново масло
1 супена лажица семе од сусам
Подготовка: Во длабок сад смешајте ги сите состојки. Сервирајте веднаш по приготвувањето.