Радио Милева

Супер мама: Сара Мејс по породувањето со отворено деколте под папокот (фото)

Супер мама: Сара Мејс по породувањето со отворено деколте под папокот (фото)

Кон почетокот на месец септември пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски станаа горди родители на ќеркичката Илина.

За време на бременоста Сара беше од активните трудници, а се до крајот на блажената состојба таа беше активна и на музички план и го издаде спотот за „Црна капина“.

Сега трудничките денови се зад неа, но затоа го живее најубавиот период во животот на една жена – мајчинството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace_official) on

Сепак, мама Сара освен што е посветена на својата малечка, таа наоѓа време и за кариерата. Имено, деновиве таа беше гостинка во емисијата „Живот со стил“, каде се појави облечена во интересен стајлинг.

Станува збор за тренди тексас комбинезон кој го спои со маичка со ултра длабоко деколте под папокот. Во вакво издание водителката Елена не можеше да пропушти, а да не ја натера мама Сара да позира и да ги објави фотографиите на својот Инстаграм профил.

На прв поглед ќе помислите дека ова е прехрабар избор за една тазе породена жена, но Сара само си поигра со визуелната перцепција, бидејќи маичката има апликација која умее да го излаже погледот.

Вака или така, глетката е навистина секси.

To top