Промотер

Стружанецот Славчо Крежески е „Посилен од себе“ (видео)

Стружанецот Славчо Крежески е „Посилен од себе“ (видео)

Стружанецот Славчо Крежески ќе ја освојува балканската музичка сцена со својата најнова балада на српски јазик насловена „Јачи од себе“ за која сними и спот.

Музиката, текстот и аранжманот за темата „Јачи од себе“, се дело на  Коста Ранѓеловиќ, додека екранизацијата ја направи продукцијата Дигитал Вертиго во режија на Андреас.

Покрај пејачот, своја улога во видеото имаат и актерите Стефан Кресовиќ и Кристина Недовиќ.

Крежески има 26 години и со музика се занимава уште од најмала возраст. Од својата седма година свири клавир и тој инструмент му е најдраг, но одлично свири и гитара, како и саксофон. Желбата за музика доаѓа од неговиот татко кој е докажан гитарист.

Песната „Јачи од себе“ заедно со видеозаписот е објавена на каналот на реномираната српска музичка продукција Инфинити продакшн.

To top