Во талент шоуто за возрасни „Никогаш не е доцна“ секоја сезона има по некој Македонец од целата земја, но струмичаните се најчести на сцената, а не ретко се и победници.
Овој пат во оваа девета сезона од последната и најнова емисија, прва го скруши мразот струмичанката Драгана Суљкановиќ (45).
Откако се престави на гледачите преку кусото видео, таа раскажа дека нејзиното вистинско име е Драгица, но сите ја викаат Драгана, живее 16 години во Цирих, има сопруг и два сина, а со пеење се занимава одамна.
Откако излезе пред жирито, Драгана кажа дека е превозбудена што успеала да застане пред публиката и жирито, а на Жика Јакшиќ му порача дека ќе го земе во Швајцарија за да прават заедно хуманитарен концерт.
Бидејќи идол и е Брена, изборот за изведба падна на песна токму од неа. Со својата харизма и талент, Драгана го освои жирито и публиката, па се пласираше во следниот круг.
Како изгледаше нејзиното претставување и настап погледнете во продолжениe:
фото: Jutjub printskrin/Nikogad nije kasno