Живот и Стил

Стресот остава трајни последици: Препознајте го и реагирајте веднаш

Стресот остава трајни последици: Препознајте го и реагирајте веднаш

Брзото темпо на живот врз луѓето остава трајни последици.

Ова се некои од индикаторите дека страдате од голем стрес и дека морате да го успорите своето темпо на живот и само да се опуштите.

Зголемен замор

Нормално е работата и обврските да ве исцрпат, но сè во свои граници. Ако се чувствувате толку уморно што немате сила ниту да се пресоблечете кога ќе дојдете дома, треба да размислите дали тоа што го работите е вредно за вашето психичко и физичко здравје. Најверојатно одговорот секогаш би бил негативен.

Болки во грбот

Иако седењето често предизвикува болки во долниот дел од грбот, стресот и нервозите ќе ви предизвикаат болки и во горниот и средниот дел и ќе се чувствувате како постојано да носите терет на грбот.

Обидете се со длабоко дишење да ги опуштите мускулите и направете си купка со етерични масла за опуштање.

Проблеми со спиењето

Овој проблем е последица на горенаведениот умор, а главно се случува поради тоа што постојано мислите на работата и она што не сте го завршиле таму. За да не посегнувате по лекови, на перницата истурете неколку капки етерично масло од лаванда, кое би требало да ве опушти и заспие.

Раздразливост

Симптомот на раздразливост се појавува поради премногу размислувања кои повлекуваат песимистични мисли, кои пак почнуваат да ве измачуваат, па поради тоа секоја ситуација ја гледате негативно. Потрудете се да гледате само на позитивните работи и дајте си малку простор и наградете се за сè што сте направиле за време на неделата.

Мигрена

Овој интензивен облик на главоболка се јавува поради премалку сон и премногу обврски. Исто така, една од причините за мигрена е хидратацијата. Ако се соочите со мигрена, остатокот од денот дадете си слобода за да се отспиете во затемнета соба. Не заборавајте да пиете доволно вода преку денот.

Извор:Курир.мк

To top