Радио Милева среќни, насмеани, заљубени

Стопена во неговите прегратки: Данијела Мартиновиќ првпат фотографирана со новото момче (фото)

Стопена во неговите прегратки: Данијела Мартиновиќ првпат фотографирана со новото момче (фото)

На папараците не им требаше многу време да ја „уловат“ пејачката Данијела Мартиновиќ со новиот љубен, откако се прошири веста дека по раскинувањето со Петар Грашо решила да го отвори срцето за друг.

Хрватската пејачка веќе извесно време е во врска со инспектор за криминал Јосип Плавиќ.

Фотографите ги фатија додека се шетаа низ Загреб во прегратка и постојано се смешкаа упатувајќи си љубовни погледи.
Данијела се запознала со Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел жалба за кражба на идентитет преку Интернет пред околу една година. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле да се дружат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria.hr (@gloria.hr)

-Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, ставови за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа, рече Данијела за Глорија.

Ова е прва јавна врска на Данијела Мартиновиќ откако во 2021 година ја прекина 24-годишната врска со Петар Грашо.
Како што дознава „Слободна Далмација“, Јосип имал еден брак во кој добил ќерка, а со поранешната сопруга е во добри односи. Освен што работи како инспектор, Јосип е дел и од бендот „Изван Закон“, во кој свири гитара и пее придружни вокали .

фото:Инстаграм/Глориа.хр/данијела мартиновиќ принтскрин

To top