Властите во Париз планираат да забранат сообраќање на сите автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2030 година.
-Тоа е наша долгорочна политика, целта на оваа стратегија е намалувањето на стакленичките гасови. Транспортот е еден од главните производители на вакви гасови. Затоа планираме крај на користењето на возила со мотори со внатрешно согорување до 2030 година. – објасни Кристоф Најдовски, задолжен за транспортната политика во кабинетот на градоначалникот на Париз, Ан Идалго.
Ова е следниот чекор во плановите на Париз за подобрување на условите на градот. Париз е домаќин на Летната Олимпијада во 2024 година, а целта е дотогаш да бидат забранети дизел автомобили во градот. Сега, доаѓа предлог и забрана за бензинските автомобили, што ја обележува сериозната политика на градоначалникот околу загадувањето. Секако, ова е стимулација за идните купувачи на возила, кои сакаат да се сообраќаат низ француската метропола да се ориентираат на електрични, или хибридни изведби, кои би требало да ги ма се повеќе и повеќе.
извор:автоплус.мк