Живот и Стил

Ставете маска за лице од зелка, резултатите се неверојатни

Ставете маска за лице од зелка, резултатите се неверојатни

Маската од кисела зелка го храни вашето лице со важни хранливи материи, така што станува поеластично, помеко и помазно.

Како да се направи оваа маска?

Излупете еден лист и исцедете го сокот. Добро би било да го скршите на местата каде што се коренот и жилите, за минералите полесно да дојдат до вашата кожа, а најмногу ги има во овие делови.

Ставете го листот на сува, претходно измиена кожа и чувајте го 10-15 минути. Најлесно ќе ви биде ако лежите.

По ова време, извадете го листот и ќе забележите колку многу е топло. Ова е знак дека порите на кожата се прошириле и дека протокот на крв е зголемен.

Сето ова е одличен знак бидејќи на овој начин кожата максимално се храни со хранливите материи од оваа зимска храна.

Измијте го лицето со млака вода и исушете го.

извор:попара.мк

To top