Предноста на овие медењаци е тоа што можат да стојат долго време без да ја менуваат текстурата или вкусот.
Колачите со арома на мед и цимет не само што ни го подобруваат расположението, туку можат и да не загреат во студените есенски и зимски денови.
Затоа овој период од годината е почеток на сезоната за правење медењаци, старомодни колачи со кои пораснале генерации.
Предноста на рецептот што ви го пренесуваме е тоа што овие колачиња може да стојат долго, а нивната текстура и вкус ќе останат исти како кога сте ги печеле.
Состојки:
– 2 јајца
– 2 лажици мед
– 50 гр путер
– 400 гр брашно
– 150 гр шеќер во прав
– лажичка сода бикарбона
– лажичка мелен цимет и анасон во размер 1:1 (или готов зачин за медењаци)
– изрендана кора од половина лимон
Подготовка:
Измешајте ги шеќерот во прав, брашното, сода бикарбоната и зачините, просејте сè низ сито и оставете го на страна.
Во тенџере ставете ги путерот и медот, мешајте на тивок оган додека не се растопат и соединат, па оставете ги на страна да се изладат. Додадете јајца, па соединете сè со брашното, шеќерот во прав, сода бикарбоната и зачините.
Лимонот убаво измијте го, а потоа изрендајте ја кората од половина цитрус и додадете ја во тестото. Месете додека тестото целосно не се изедначи, потоа завиткајте во проѕирна фолија и оставете го да отстои на ладно место најмалку 48 часа (може и подолго).
Кога ќе одлучите да ги печете медењаците извадете го тестото од фрижидер, расукајте го со сукало, па со чаша или калап извадете форми и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Се пече на 180 степени додека не порумени.
Имајте на ум дека колачињата се готови многу брзо, па и дека ако останат само една минута подолго во загреана рерна, може да се препечат и да не бидат вкусни.
Почекајте да се изладат, па префрлете ги во лимена кутија со капак.
Уживајте!
извор:курир.мк