Ништо не освежува подобро во летните денови од чаша сок од бозел.
Потребни состојки:
– 40 цветови бозел
– 5 литри вода
– 4 кесички лимонтус
– 4 цели лимони
– 3 кг. шеќер
Подготовка на сируп од бозел:
Цветовирте од бозелот наберете ги само кога надвор е сончево. Ставете ги цветовите во вода. Лимонот добро измијте го во раствор од сода бикарбона, пресечете го на кругови, па додадете ги цветовите од бозел.
Промешајте и ставете на ладно и темно место да отстои 24 часа.
Наредниот ден процедете ја течноста, па додадете го шеќерот и лимонската киселина и измешајте. Потоа сокот ставете го во шишиња и чувајте го на ладно и темно место.
извор:точка.ком.мк