Откако по 22 години и брак и професионална соработка во нивната група „Молика“, музичарот Џими Мицевски и пејачката Анета Мицевска се разделија, секој приватно тргна на своја страна. И обајцата го потврдија разводот, како и тоа дека повеќе не живеат под ист покрив, но со договорот да се исполнат и испочитуваат до крај договорените обврски со групата (свадби, настапи, турнеи… ) до август претстојната 2024 година.
Се’ ново што доаѓа во опција за договор до група „Молика“, очигледно според објавите на социјанлите мрежи, вклучува се’ од забавата која им стои во понудата, но без Анета.
Откако им се случија големите промени приватно, лека- полека, почнуваат да се случуваат и професионално.
Анета започна да пее соло, но и со друга постава од музичари, зависно од тоа како ќе се поклопат коцките, а очигледно и во менаџментот на „Молика“ се игра на иста карта.
Па така, од агендата на претстојните настапи, односно за една која им е закажана за 16-ти декември во Франкфурт- Германија ќе имаат нова колешка.
View this post on Instagram
Станува збор за добро проверена ѕвезда, ултра позната и искусна со настапите да се прилагоди во составот на се’ повеќе музичари од фелата.
За забавата на која ќе им свират на нашинците во Германија, со група „Молика“ ќе пее Сузана Гавазова која на тамошните фанови веќе им најави и закажа музичко дружење преку својот Инстаграм профил.
Гавазова најчесто преферира да настапува со сите колеги на кои тоа им одговара, како нив, така и нејзе. Пееше со „Дрим тим“, „Балкан бенд“ , „Оркестар Агушеви“ … а од сега нејзини нови соработници се и „Молика“, овој пат за иуспраќање на старата и нови соработки во Новата.
За „Молика“ пак, ова е промена за сефте, а дали и за понатаму ќе осатане да биде Сузана или некоја друга на местото на Анета, останува да видиме до следниот избор на познатите битолски фолк музичари.
Фото: Instagram printscreen/ grupamolikaofficial/ suzanagavazova/ Freepik