Главна вест утрово во сите српски медиуми е трагичната несреќе што се случи во која тешко настрада младата ТВ водителка на ТВ Пинк, Деа Ѓурѓевиќ. Таа беше тешко повредена откако автобусот на ГСП и ја откина раката на местото на тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 6 часот во близина на болницата д-р Драгиша Мишовиќ во Белград.
Деа настрадала во тежок верижен судир во кој биле вклучени два автобуси за ГСП и три автомобили.
Како што се дознава, водителката на ТВ Пинк Деа Ѓурѓевиќ, е во многу тешка состојба. Итно е транспортирана на Воено медицинската академија (ВМА), откако останала без рака на местото на несреќата. Најпрвин дошло до мал судар помеѓу нејзиниот и друг автомобил, па таа излегла од своето возило заедно со другиот возач. за да ја проверат и да ја утврдат штетата. Во следниот момент, автобус на ГСП, налетал на водителката, ја удрир додека стоела на тротоарот и и’ ја откинал раката.
Фото: Принтскрин РТС/Прва/ Пинк/Инстаграм